Протокол за Чистење и Хигиенско Одржување на приватен сместувачки капацитет „ВИЛА ДВОР“
- Се задолжуваат вработените да носат заштитна опрема (маска и ракавици) за време на извршувањето на ангажманот;
- Се задолжуваат вработените да вршат дезинфекција на обувките пред секое влегување во соба/апартман;
- Строго се забранува контакт на вработените со гостите кои се сместени во вилата (чистењето се одвива во отсуство на гостите);
- Чистењето на тоалетите ќе се врши со користење PerlGlanz Ph3 кисело средство за чистење и дезинфекција;
- Ќе се користат различни крпи за различни простории во собата обележани со соодветна боја;
- Површините и подот ќе се пребришуваат со дезинфекционо средство на база на хлор или 70% алкохол при секое чистење.
- Покрај детергентите и омекнувачите, задолжително ќе се користат хлор таблетки за перење на постелнината со цел уништување на бактериите;
- Доставата на постелнините ќе биде во спакувани и запечатени стерилни вреќи.