Добредојдовте во Вила Двор!

Во 2016 добивме шанса да ја купиме оваа убава куќа во Варош, и по макотрпно комплетно реновирање успеавме да креираме модерно место, но сепак вклопено во илјадагодишната историја наоколу.

И покрај тоа што сме “дојденци„ нашата мисија е да им дадеме на нашите гости најдобро локално искуство што можат да го добијат.

Добредојдовте во Вила Двор, каде што дворот е централното место на нашата вила, во кој нашите гости можат да се релаксираат по целодневното уживање во богатото историско и културно наследство на Охридскиот Регион.